Комо игра сезона од соништата – ја прегази Пиза и дојде до место што води во ЛШ (ВИДЕО)
Со ова продолжува сезоната од соништата, а триумфот на „Арена Гарибалди“ е уште една потврда за сериозната борба за пласман кој води во европските натпреварувања следната сезона. Иако можно е брзо да ја загубат оваа позиција со оглед на тоа што своите натпревари допрва треба да ги одиграат Јувентус и Рома, четвртото место претставува огромен успех за клуб кој до неодамна настапуваше во Серија Б.
Натпреварот против Пиза не беше воопшто лесен за тимот предводен од Сеск Фабрегас. Комо имаше иницијатива, подобра игра и повеќе шанси, но долго време не успеваше да го скрши отпорот на домашната одбрана. Клучниот момент се случи во 68. минута, кога Пероне го совлада голманот Шемпер и донесе водство од 1-0. Само осум минути подоцна, Дувикас ја зголеми предноста, а истиот фудбалер во самиот финиш од натпреварот, од пенал, ги постави конечните 3-0.
Пиза со овој пораз остана на 19. место на табелата со 12 бодови, исто колку и Фиорентина и последнопласираната Верона, но со одигран натпревар повеќе, што најавува тешка борба за опстанок. Во следното коло Комо ќе ја пречека Болоња, додека Пиза ќе гостува кај Удинезе.
ФОТО: EPA PHOTO