Екипата на Барди на посебен начин ги награди најверните навивачи (ФОТО)

Шпански Леванте, кадешто настапува македонскиот репрезентативец Енис Барди, реши на прекрасен начин да им се заблагодари на навивачите, кои цела сезона го поддржувале во голем број.

Клубот реши на секој од навивачите кои минатата сезона бил на секој домашен меч да го награди со годишен билет за следната сезона. Тоа значи дека следната сезона бесплатно ќе ги гледаат натпреварите на Леванте околу 15.000 навивачи.

„Клубот сака да се заблагодари на сите навивачи, кои ги следеа нашите натпревари минатата сезона и чија поддршка ни беше мотив од ден во ден да ги исполниме нашите цели“, соопштија од Леванте.