Еден од најдобрите фудбалери на Барселона ќе паузира до декември

Барселона се соочува со сериозни проблеми пред почетокот на новата сезона затоа што Роланд Араухо се здоби со посериозна повреда на Копа Америка.

Уругваецот се пожали на повреда за време на мечот против Бразил, по што беше заменет и испратен на детални медицински прегледи.

Каталонскиот гигант објави дека Араухо ќе биде опериран, а негово враќање на теренот се очекува дури до декември.

Засега не е познато дали Барселона ќе тргне во ангажман на нов дефанзивец или ќе им верува на актуелните фудбалери.