И кошаркарскиот тим на Реал Мадрид доби ѕвездено засилување – директно од НБА!
Станува збор за 22-годишен кошаркар, кој и претходно беше член на мадриѓани во периодот од 2013 до 2021 година, а со овој клуб освои четири трофеи. Пред три години беше избран како 23. пик во првата рунда на драфтот во НБА од Хјустон рокитс, за кој настапуваше до лани. Минатата сезона, пак, ја мина настапувајќи за Голден Стејт вориорс во НБА и за Санта Круз вориорс во Џи-лигата.
Гаруба со репрезентацијата на Шпанија го освои златниот медал на ЕП во 2022 година. Тој е четвртото засилување за Реал Мадрид во летниот преоден рок по Андрес Фелиз, Серж Ибака и Ксавиер Ратан-Мајес. Новата сезона во Евролигата започнува на 3 октомври.