Роналдо на удар, тргна соиграч од живиот ѕид и неговиот тим прими гол (ВИДЕО)
Португалецот стрелаше во 22. минута од средбата, меѓутоа се покажа и дека има голема вина за примениот гол на својот тим. Имено, при прекршокот од кој противничкиот тим дојде до гол Роналдо одлучи дека нема потреба да има двајца фудбалери во живиот ѕид.
Наместо да ја препушти таа проценка на голманот, тој повика еден од двајцата во живиот ѕид да дојде во шеснаесетникот и таквиот потег се покажа како погрешен.
Ronaldo don kill me. He no sabi anything 😭😂 pic.twitter.com/WteoJBafrQ
— cyborg (@Therealcyborg_1) September 10, 2026