Ед Ширан и Пујол во Њујорк бурно го прославија голот на Барса, ама радоста кратко траеше (ВИДЕО)

Барселона беше во подредена улога во првото полувреме од денешното Ел Класико во Мадрид, но сепак на неколку минути успеа да ги израдува своите навивачи откако Фермин Лопез израмни на 1-1.

Голот што го постигна играчот од среден ред на „каталонците“ бурно беше прославен дури и во Њујорк.

Славниот пејач Ед Ширан во чија чест се дресовите со кои настапува Барселона денеска, заедно со некогашниот капитен на каталонскиот клуб Карлес Пујол се израдуваа на погодокот, ама радоста, сепак, кратко им траеше.