Ѕвезда на Баерн постави ултиматум: Ако не му дадат 16 милиони годишно, ќе си замине!

Расте тензијата во соблекувалната на Баерн Минхен, откако еден од најдобрите фудбалери Дајот Упамекано кажа дека нема да прифати договор кој нема да ги исполни неговите барања.

Францускиот репрезентативец и столбот во одбраната на бундеслигашот побарал плата од 16 милиони евра за да стави потпис на нова соработка.

Упамекано има уште шест месеци од неговиот договор со Баерн, па поради тоа му постави ултиматум на гигантот од Минхен, кој засега не е познато дали ќе биде прифатен.

Дефанзивецот оваа сезона настапи на 20 меча за Баерн, а притоа постигна еден гол за гигантот.

Фото: Facebook/FC Bayern München