Донгмо од Вардар официјално се пресели во Романија

Еден од најдобрите играчи на Вардар минатата сезона Даниел Донгмо официјално го напушти Вардар и од вчера е член на романскиот прволигаш Плоешти.

Камерунецот замина во Романија уште по елиминацијата на „црвено-црните“ од Лозана во квалификациите за Конференциската лига, но дури сега е комплетиран неговиот трансфер.

„Даниел Донгмо е играч на Петролул со сите потребни документи. Нашиот клуб ги заврши сите формалности и потпиша двегодишен договор со камерунскиот фудбалер. Минатата сезона тој играше за Вардар со кого го освои трофејот во Купот на Македонија“, соопшти Петролул.

Донгмо е осмо засилување за тимот од Плоешти ова лето, а седуммина фудбалери го напуштија тиммот. Се очекува своето деби да го забележи на 1 септември кога Петролул гостува кај Фарул Констанца.