Добри вести за Барса: Араухо и Рафиња ќе стигнат навреме за дуелот со Осасуна

Ханси Флик најверојатно ќе ги има на располагање сите сили за дуелот против Осасуна што се игра в четврток на Монжуик.

Иако терминот е лош поради тоа што мечот се игра непосредно по завршувањето на јужноамериканските квалификации за Светското првенство, планирано е играчите од тамошните репрезентации. Пред се, тоа се однесува на Рафиња и Роналд Араухо кои само 24 часа претходно играат дуели со своите селекции.

Рафиња како член на бразилската репрезентација треба да излезе на мегдан со Аргентина, додека Араухо со уругвајската репрезентација се среќава со аутсајдерот Боливија.

Постојат две сценарија за Флик да ги добие двајцата фудбалери за мечот со Осасуна. Првото, кое речиси сигурно ќе го опфати Рафиња, е играчите веднаш по натпреварот со приватен авион да заминат кон Шпанија и би стигнале на неколку часа пред почетокот. Второто е Араухо воопшто да не игра против Боливија бидејќи такво нешто најави селекторот Марсело Биелса, но прашање е дали стоперот ќе мора да остане во кампот на националниот тим или ќе добие дозвола порано да си оди.

Натпреварот против Осасуна е од големо значење за Барселона затоа што со евентуална победа ќе му избега три бода на најблискиот следбеник Реал Мадрид.