
Тудор сам возел 10 часа за што побрзо да потпише за Јувентус за – 500.000 евра!
Тој пристигнал во Торино во неделата навечер, откако сам возел десет часа за што поскоро да го потпише договорот со клубот. Според информациите, тој до крајот на сезоната ќе заработи 500.000 евра, а договорот содржи клаузула која му овозможува продолжување за уште една сезона, доколку Јувентус обезбеди пласман во Лигата на шампионите. Доколку тоа не се случи, клубот има можност до 30 јули да ја прекине соработката без дополнителни објаснувања.
Веќе денеска наутро, Тудор остварил средба со навивачите и веднаш го одржал првиот тренинг со тимот. Ова не е негов прв ангажман во Јувентус – во сезоната 2020/21 беше асистент на Андреа Пирло, а како фудбалер настапуваше за клубот. Тудор ја презема „старата дама“ во тежок момент, по два убедливи порази (0-4 од Аталанта и 0-3 од Фиорентина). Јувентус моментално е на петтото место во Серија А, со бод помалку од Болоња, која го држи последното место што води во Лигата на шампионите.