
Полскиот бомбардер Марцинијак ќе решета за Вардар!
Марцинијак кој може да игра како десен бек и десно крило со Вардар потпиша договор до 2028 година.
Во Вардар пристигнува од тимот на Азоту Пулави, а претходно настапуваше за: Жуково, Вибжеже Гдањск и Заглебје Лублин, па Вардар за него ќе биде прво интернационално искуство.
Со репрезентацијата на Полска, Марцинијак настапи и на последното Светско првенство на кое на седум натпревари постигна седум гола.
За неговиот тим Азоти Пулави на 23 натпревари сезонава има 71 погодок. Тој ќе биде третиот Полјак кој ќе го носи црвено-црниот дрес по Патрик Валчак и Јан Чувара.