
Вардар ги објави цените на билетите за натпреварот со Црвена Звезда
Денеска од редовите на Вардар информираа и дека цените на билетите ќе изнесуваат 200 денари за јужната и северната трибина и 100 денари за западната и источната.
Од клубот најавија и дека билетите ќе се продаваат преку платформа за која во наредниот период ќе бидат објавени повеќе детали.
Исто така влезот на натпреварот ќе биде бесплатен за децата од основните училишта во Кочани.