
Велшаните потсетуваат: Во Скопје ни се случи најголемиот срам во поновата историја!
Велшаните на средбата што се одигра во септември 2013 година (Македонија победи со 2-1) допатуваат без тогашниот селектор Крис Колман, кој мистериозно го загубил пасошот непосредно пред летото за македонската престолнина. Поради тоа, тој ја пропушти прес-конференција и единствениот тренинг пред натпреварот, но пристигна пред средбата. Тоа, сепак, не го спречи поразот на неговата репрезентација, односно победата на Македонија во првиот меѓусебен дуел помеѓу двете селекции.
„Точно 12 години поминаа откако Скопје беше сцена на една од понеобичните епизоди во историјата на велшкиот фудбал – момент што предизвика потсмев и жестоки критики за тогашниот селектор. Септември 2013 година, Велс се подготвува за натпревар против Македонија во квалификациите за СП 2014. Натпреварот нема големо значење во табеларната битка, но веста што го засенува дуелот е далеку од спортска - селекторот Крис Колман го заборавил пасошот и не можел да патува со тимот. Додека фудбалерите, меѓу кои беа и Гарет Бејл, Арон Ремзи и Крег Белами, тренираа на теренот во Скопје, претставници на Фудбалската асоцијација на Велс (ФАВ) објаснуваа дека Колман доцни поради 'проблеми со пасошот'. Но, вистината веќе се знаеше – селекторот го заборавил пасошот и не отпатувал со тимот.“
Колман вечерта пред патувањето сфатил дека го нема пасошот. Итно заминал во Њупорт за итна замена, но процедурата не завршила навреме. Наместо да лета со тимот, морал да патува преку неколку европски аеродроми за да стигне во Скопје. Оваа ситуација потсети на поранешните контроверзни епизоди на велшкиот фудбал, како времето на Боби Гулд, кога тимот тренираше во затворски комплекси. Тогашните наслови зборуваа за „срам“ и „фарса“, термини што повторно се најдоа во медиумските извештаи од Скопје. Иако Велс го загуби натпреварот, оваа приказна останува како потсетник за хаотичниот период и големиот срам пред подемот на селекцијата што подоцна ќе се издвои како сила на големите натпреварувања“, се вели меѓу другото во еден од текстовите во островските медиуми како потсетување на бизарната случка (види ТУКА).
Македонија со триумф на гостувањето во Лихтенштајн (3-0) ги почна квалификациите за СП 2026, додека Велс на домашен терен го победи Казахстан (3-1). Во групата е уште и Белгија.