
Француската колонија не ја искористи првата шанса за историски настап на СП!
Новокаледонците беа на чекор до првото историско учество на еден Мундијал, но не успеа да го изненади фаворитот. По изедначеното прво полувреме, „кивите“ ја презедоа контролата во вториот дел – Мајкл Боксал го отвори резултатот во 61. минута, а шест минути подоцна Коста Барбарусес ја удвои предноста. По вториот гол, Нова Каледонија не успеа да се врати, а конечните 3-0 ги постави Илајџа Џаст во 80. минута.
За Нов Зеланд ова ќе биде трет настап на Светско првенство, по настапите во 1982 година во Шпанија и 2010 година во Јужна Африка. Иако ја пропушти првата можност за историски пласман, Нова Каледонија, која е островска држава која функционира како француска колонија и е една од најретко населените земји на планетата, ќе има уште една шанса да стигне до Светското првенство преку интерконтиненталниот бараж. Доколку успее, ќе го запише најголемиот успех во својата фудбалска историја.
Нов Зеланд, пак, стана петтата селекција што го обезбеди своето учество на Мундијалот, приклучувајќи се на Јапонија и трите домаќини – САД, Мексико и Канада.