
Мексико за првпат во историјата ја освои Лига на Нации на Северна Америка (ВИДЕО)
Херој на Мексиканците беше напаѓачот на Фулам, Раул Химене кој ги постигна двата погодоци.
Првиот гол го постигна во осмата минута, а вториот во судиското продолжение.
Мексиканците на тој начин ја прекинаа доминацијатан а селекцијата на САД која Лигата на Нации ја освојуваше од основањето во 2021, 2023 и 2024 година.
Ова издание Американците го завршија на четвртото место откако во натпреварот за бронза беа поразени од Канада со 2-1.