
Монфис испиша историја во Мајами – со 38 години оствари подвиг за памтење!
Со оваа победа, 38-годишниот Монфис влезе во историјата како најстар учесник кој успеал да стигне до четвртото коло на овој престижен турнир. Во изедначен дуел, Монфис и Мунар направија по три брејка, додека Французинот имаше седум ас сервиси, а неговиот противник осум.
Следен предизвик за Монфис ќе биде 25. рекет во светот, Американецот Себастијан Корда, кој во два сета го елиминираше десеттиот носител, Гркот Стефанос Циципас (7-6, 6-3).