Важен потпис во Битола: Хосни останува и наредната сезона!

Oд редовите на Пелистер информираа дека ја продолжуваат соработка со тунискиот репрезентативец Усама Хосни кој така ќео стане во Битола и наредната сезона.

Во Пелистер се задоволни од прикажаното и очекуваат со добри настапи Хосни да продолжи и во наредната сезона.

Хосни во Пелистер се врати минатото лето откако претходно кратко замина од Битола, а со клубот има титула во првенството и Суперкупот на Македонија.

Сезонава имаше и одлични настапи во Лигата на шампионите каде што на 14 натпревари постигна 24 гола.

Покрај Македонија, Хосни во својата кариера настапуваше уште за екипи од Франција и Катар.