Чеферин: Работниците во фабриките треба да се жалат, а не Клоп и Гвардиола!

Претседателот на Европската фудбалска унија (УЕФА), Александер Чеферин зборуваше за актуелната ситуација и проблемите со кои се соочува европскиот фудбал.

Тренерите на најдобрите два тима во Англија, Пеп Гвардиола и Јирген Клоп ого критикуваа распоредот на натпревари, па пристигна одговор од Чеферин.

„Клоп и Гвардиола се жалат? Лесно е да се нападне ФИФА и УЕФА, но ситуацијата е јасна. Ако играш помалку, ќе се намали платата. Ако некој треба да се жали, тогаш тоа се работниците во фабрики кои заработуваат до 1.000 евра месечно“, кажа Чеферин.