Бускетс, Алба и Пике ѝ заштедија 120 милиони евра на Барселона

Барселона ја освои титулата во Ла Лига, но оваа сезона ќе се памети и по разделбата со три легенди, Жерар Пике, Серхио Бускетс и Жорди Алба на кои ќе заштеди 120 милиони евра.

Пике реши да го повлече првиот потег и да се откаже од своите примања до завршување на договорот во јуни 2024 година, па така му заштеди 30 милиони евра на клубот.

Бускетс веќе двапати ја намали својата и притоа реши да го напушти тимот на крајот на сезоната, со што дополнително ѝ помогна на каталонската екипа.

Третиот фудбалер кој заминува од Барселона е Алба, кој според договорот требало да добие најголема плата во последната сезона, односно 2023/24, но се откажал од неа.

Каталонските медуми пишуваат дека тројцата фудбалери ѝ помогнале на екипата така што вкупно ѝ заштедиле 120 милиони евра, но Барселона ќе мора дополнително да ги намали трошоците во следниот период за да го добие потписот на Лионел Меси, но и да се засили со уште неколку фудбалери.