Бернардо Силва во неволја со ФА поради расистички „твит“ (ФОТО)

Бернардо Силва можеби ќе добие сериозна казна од Фудбалската асицијација на Англија поради расистички „твит“ кон неговиот соиграч Бенџамин Менди. 

Португалецот сакал да се пошегува со левиот бек на Сити, но јавноста веднаш го искритикува и го обвини за расизам. ФА веднаш започна истрага, па на ѕвездата на „граѓаните“ му се заканува суспензија.

Силва брзо го избриша „твитот“ по реакциите од јавноста и потоа постираше дека луѓето не знаат за шега и дека се премногу сериозни.

„Човек веќе не може ни да се пошегува со својот пријател овие денови... вие луѓе“, напиша Силва.

Дека не е ништо страшно „твиташе“ и Бенџамин Менди за кого беше наменет „твитот“. Тој го разбра хуморот на Силва и му одговори.

„1-0 за тебе, ќе видиме“, напиша Французинот одговарајќи на „твитот“.