Балотели „удри“ по Алвеш: Не смееш да зборуваш така за Астори!

Во фудбалскиот свет се крена голема прашина поради неверојатниот коментар на Дани Алвеш на прашањето за смртта на капитенот на Фиорентина, Давиде Астори.

Многу фудбалери во светот тагуваат по несреќно починатиот Астори, но не се чувствуваат сите така, а тоа го докажа Алвеш, кој кажа дека секој ден умираат илјадници деца и не добиваат внимание како што добил италијанскиот фудбалер.

Со оваа изјава Бразилецот предизвика многу реакции, а меѓу тие кои го критикуваат, беше и Марио Балотели.

„Тоа што го кажа е лошо и можеше да си го задржи за себе во тој момент. Требало да покаже почит. Не може да кажете такво нешто кога некој ќе умре“, вели Балотели.

Погребот на Астори ќе биде одржан во четврток во Фиренца.