„Секој ден умираат илјадници деца, но не добиваат внимание како Астори“

Дани Алвеш стана еден од најомразените личности во светот поради неговата невкусна изјава по повод смртта на фудбалерот на Фиорентина, Давиде Астори.

Бразилецот зборуваше за вчерашниот трагичен настан на прес-конференцијата на ПСЖ пред утрешната пресметка со Реал Мадрид во Лигата на шампиони.

„Ние не сме премногу потресени, бидејќи не го познававме добро“, изјави Алвеш. „Жал ми е за неговото семејство. Мислам дека Давиде направи сè што можеше во овој хаотичен свет и сега е на подобро место. Но како и да е, во светот секој ден илјадници деца умираат, но не го добиваат ова внимание, а тие исто така се важни. Сите ние кога - тогаш треба да умреме, бидејќи тоа е нешто нормално. Ние сигурно сме тажно, но не како неговото семејство“, истакна Бразилецот.