Баер најмногу ќе настрада од Африканскиот куп нации - Алонсо останува без тројца играчи

Во пресрет на денешниот натпревар против Штутгарт, Баер Леверкузен беше единствен непоразен тим не само во Германија, туку и во топ-5 лигите во Европа, но може да се соочи со проблеми веќе идниот месец.

Во јануари, во Брегот на Слоновата Коска ќе се одржи Африканскиот куп на нации, а Чаби Алонсо може да остане без тројца важни фудбалери. Виктор Бонифас е повикан во репрезентацијата на Нигерија, Одилон Косунu кај домаќинот, Едмонд Тапсоба на Буркина Фасо и нема да бидат на располагање. Во периодот додека трае првенството, Баер има четири натпревари, против Аугсбург, Лајпциг, Борусија Менхенгладбах и Баерн иако е можно некој од нив да се врати и порано, во зависност од резултатите на нивните репрезентации.

Бонифас досега има 14 гола и 6 асистенции на 20 настапи во сите натпреварувања. Косулу е 23-годишен стопер, во Бундеслигата играше на сите 13 натпревари и постигна еден гол. Тапсоба игра со него во последната дефанзивна линија, а може да ја пополни и позицијата последен играч за врска и Чаби Алонсо има голема доверба во него.