Артета: Бевме најдобри во 2024 година и пак не освоивме титула!

Англискиот гигант Арсенал долго време чека на титула во Премиерлигата, а ниту тренерот Микел Артета не успеа да им ја донесе на „топчиите“, иако беа најдобар тим во лигата за календарската 2024 година.

Арсенал освои дури 85 бодови во Премиерлигата во 2024 година, но и покрај тоа минатата сезона остана без титулата, а оваа е далеку од лидерот Ливерпул.

„Бевме најдобри во минатата година во лигата, урнавме неколку рекорди, но не освоивме ниту еден голем трофеј“, кажа Артета.