Анчелоти на суд, му се заканува и затворска казна

Идната среда во Мадрид ќе почне судски процес против тренерот на Реал, Карло Анчелоти поради затајување данок.

Дражвното обвинителство го обвинува Италијанецот дека ја оштетил државната каса за повеќе од еден милиони евра поради непријавена заработка од правата на имиџ во периодот од 2014 и 2015 година кога го извршуваше првиот мандат како тренер на Реал. Се очекува процесот да трае два дена, а Анчелоти е обврзан да присуствува на сослушувањата.

Италијанецот, наводно, во своите даночни пријавил ја навел само платата која ја добивал од Реал во текот на тие две години иако се изјаснил дека е резидент на Шпанија и навел дека домот му е во Мадрид. Спроед Обвинителството, тој воспоставил збунувачки и сложен систем на фиктивни компании за да ја сокрие својата дополнителна заработка од правата на имиџ, како и од други извори како што се недвижности.

Ако биде прогласен за виновен, Анчелоти ќе мора да плати висока парична казна, но во шпанскиот закон за ваков престап е предвиден и затвор.