Аморим им се извини на навивачите на Јунајтед и им порача: Доаѓаат подобри денови (ВИДЕО)
Менаџерот Рубен Аморим мораше да им се извини на навивачите за сите разочарувања што им ги приредија на навивачите. Тоа го направи вчера, по мечот против Астон Вила на кој „ѓаволите“ славеа со 2-0 и барем со победа ја завршија сезоната.
„Пред се, сакам да се извинам за оваа сезона, знам колку разочараувања ви приредивме јас и мојот тим. Второ, да ви се заблагодарам за поддршката во текот на сезоната иако знам колку ви беше тешко. Кога дојдов тука, пред шест месеци, по првите три меча во кои има две победи и реми, реков дека доаѓа бура. Денеска, по катастрофалната сезона, сакам да ви порачам дека доаѓаат подобри денови. Ако некој клуб во светот докажал дека може да надмине каква било ситуација и катастрофа, тоа е нашиот, тоа е Манчестер Јунајтед“, рече Аморим.
Интересно е тоа што за фудбалерите на Јунајтед тука не завршуваат обврските бидејќи тимот заминува за Далечниот Исток каде што ќе одигра два ревијални натпревари - на 28 мај во Малезија, а два дена подоцна во Хонг Конг.