Аморим „дебело“ ќе го наплати отказот од Манчестер јунајтед (ФОТО)

Поранешниот англиски и европски шампион Манчестер јунајтед го отпушти Рубен Аморим, но Португалецот нема премногу да жали затоа што останува под договор со премиерлигашот до јуни 2027 година, односно ќе добива плата.

Аморим не сакал да го прекине договорот со „црвените ѓаволи“, откако жестоко удри по раководството по мечот со Лидс, но управата на гигантот решила еднострано да го раскине договорот и затоа ќе мора да му исплати околу 11 милиони евра доколку Португалецот во меѓувреме не си најде нов ангажман.

Младиот стратег беше ангажиран пред само 14 месеци од „црвените ѓаволи“, кои исто така платија 15 милиони евра за Спортинг Лисабон да го ослободи тренерот.

Сега се е во рацете на Аморим, кој може да одлучи да не работи никаде до јуни 2027 година и притоа да си го наполни џебот со пари.

Фото: Facebook/Manchester United