Алегри: Прво се договорив да останам во Јуве, а потоа ми дадоа отказ!

Италијанскиот тренер Масимилијано Алегри на крајот на сезонава го напушта Јувентус, откако клубот реши да му се заблагодари на соработката.

Алегри со „Старата дама“ освои пет титули во Италија по ред, но главна цел му беше Лигата на шампиони, па таа не беше исполнета и поради тоа управата реши да се раздели со него.

Уште не е познато кој ќе го преземе Јувентус, како и тоа каде ќе ја продолжи кариерата Алегри, кој призна дека има неколку понуди и сигурно нема да земе долг одмор.

„Зборував со претседателот по мечот со Ајакс и имавме план да продолжиме заедно, но во последните шест недели не одевме по ист пат. Не зборувавме за договор, па разбрав дека Јуве сака нешто да менува. Во спротивно во септември или октомври ќе имавме проблеми и најдобро е да се замине кога ситуацијата е добра. Во петокот добив информации дека нема да останам во Јуве. Имавме разговор во четвртокот и уште тогаш се знаеше дека нема да останам“, вели Алегри.