
Македонија има водство во важниот меч против Молдавија
Мечот меѓу Мицов и Горбан имаше необичен почеток бидејќи во првите пет гема имаше исто толку брејка, потоа Македонецот успеа да го крене нивото за разлика од противникот и да го добие сетот со 6-3.
Во вториот сет Мицов зема еден брејк при водство од 5-4 и го доби сетот со 6-4 за победа од 2-0 и водство за Македонија против Молдавија.
Во вториот меч за Македонија настапува Калин Ивановски, противник му е Илја Снитари.
Во мечот во двојки се пријавени Ивановски и Мицов, а за Молдавија Андреј Киумак и Снитари.