Жестока тепачка на навивачи на (не)пријателскиот меч меѓу БиХ и Словенија (ВИДЕО)

Жестока тепачка меѓу навивачите на Словенија и БиХ ја нарушија пријателската атмосфера на натпреварот што се одигра во вторникот навечер во Цеље.

Конфликтот кулминирал во завршницата на натпреварот, кога дошло до физички пресметки меѓу навивачките групи на двете репрезентации. На социјалните мрежи кружат видеа од инцидентот, на кои се гледа хаосот на трибините и обидите на обезбедувањето да ја смири ситуацијата и да спречи понатамошна ескалација.

На спортски план, Словенија дојде до победата со резултат 2-1. Стрелци за домаќините беа Бењамин Вербич и Андреас Фомбергер од пенал, додека единствениот погодок за БиХ го постигна Тарик Мухаремовиќ во судиското продолжение.