
Ова е најлудиот кош за победа во историјата на кошарката – преку цел терен (ВИДЕО)
Во драматичната завршница на натпреварот против Бока Јуниорс, при резултат кој носеше продолжение (73-73) или победа за противникот кој имаше напад, Лескано успеа да украде топка на само 1,6 секунди до крајот. Без многу размислување, со една рака ја фрли топката преку цел терен. И покрај тоа што не го гледаше кошот, топката влезе чисто – „без коски“, директно во мрежичката.
Со оваа победа, Феро поведе со 2-1 во финалната плејоф-серијата на аргентинското првенство и е на чекор до титулата. Доколку тимот ја освои шампионската круна, Лескано без сомнение ќе биде запаметен како херојот на сезоната.