Албанец на промоција во Лацио запеа партизанска песна – ултрасите-фашисти збеснаа (ВИДЕО)

Албанскиот репрезентативец Елсаид Хисај, доскорешен фудбалер на Наполи е ново засилување на римски Лацио, каде доаѓа како слободен играч откако му истече договорот со наполитанците, а Маурицио Сари одлично ги познава неговите квалитети.

Арно ама, Хисај само што дојде во Лацио, веднаш го навлече гневот на ултрасите на „орлите“. Навивачите на Лацио се озлогласени фашисти, следбеници на фашистичкиот диктатор Бенито Мусолини, а Хисај на промоцијата дојде и им ја запеа познатата партизанска песна – Бела Чао.

„Подобро да ја пееш химната. Ти знаеш ли кај дојде – во Лацио! Не одите во Ливорно (клуб познат по навивачите кои се комунисти – н.з.)“, жестоко реагираа навивачите на Лацио.