
Абрамович сака да се врати на Стемфорд Бриџ и достојно да се збогува од Челси!
На почетокот од војната меѓу Русија и Украина, на Абрамович му беше одземен клубот поради наводна негова поврзаност со руските власти.
Во своето владеење во Челси, рускиот милијарден вложи многу пари, го лансираше клубот меѓу најдобрите во светот и му донесе историски моменти.
Првпат откако беше избркан од клубот, Абрамович проговори нешто за Челси.
„Можеби еден ден повторно ќе можам да присуствувам на натпревар и достојно да се збогувам. Но, веќе не ме интересира поседување на фудбалски клубови или преземање функции во клубови“, вели Абрамовиќ.
„Подготвен сум да се вклучувам во проекти за развој на млади спортисти доколку постои иницијатива која навистина може да направи разлика“.