Вардар поразен од украинскиот Верес во Анталија

Фудбалерите на Вардар денеска го одиграа третиот пријателски натпревар во Анталија, а противник на „црвено-црните“ беше украинскиот тим Верес Ривне кој славеше победа од 2-1.

Двете екипи натпреварот го стартуваа со комбинирани состави, а Вернес подобро започна и поведе со 2-0. Единствениот гол за Вардар беше дело на Џибрил Дианеси од пенал во 83 минута. Пеналот за вардарци го изнуди засилувањето од Врера Роџерс Мато.

Вардар во Анталија останува до 8 фверуари, а го чекаат и уште два натпревари со Аквитал Чаквар од Унгарија на 31 јануари и Рапид Виена на 5 февруари.