Вардар доминира на теренот, „Комити“ на трибините (ФОТО)

Фудбалерите на Вардар играат фантастичен натпревар и се на пат да стигнат до трофејот на кој чекаат 18 години, но додека тие доминираат на теренот истото го прават и навивачите на трибините.

Како и што се најавуваше за вечерашното финале „Комити“ се во одлична бројка и од првата минута ги бодрат „црвено-црните“,  а добрата игра е само причина плус да бидат уште погласни.

Вистински херој на Вардар вечерва е Михаил Талевски кој прво погоди во 26. минута, а потоа на стартот од вториот дел по еден одличен слалом и вторпат се запиша во листата на стрелци.