Вардар води во финалето - Талевски погоди со колено! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Вардар по 26 минути игра во финалето од Купот на Македонија стигнуваат до предност со гол на Михаил Талевски.

Талевски со малку доза на среќа успеа едно нафрлување со удар со голено да го претвори во гол со кој донесе предност. Ќе потсетиме, Вардар во финалето игра за прв трофеј во купот по пауза од 18 години.

Голот на Талевски дојде од првата посериозна прилика пред голот на Струга.