
ФФМ донесе одлука: Првата лига се намалува од 12 на 10 екипи!
ФФМ реши да направи промена и во Втората лига, односно да го намали бројот на тимови од 16 на 14, а одлуката ќе важи исто така од сезоната 2026/27.
„Управниот одбор го усвои предлогот за промена на системот на натпревари од натпреваривачката сезона 2026/27. Прва МФЛ: намалување на бројот на клубови од 12 на 10. Втора МФЛ: намалување од 16 на 14 клубови“, соопштија од ФФМ.
ФФМ донесе и други одлуки кои се однесуваат на унапредување на македонскиот фудбал, а меѓу нив е и изборот за реализација и опрема на ВАР-соба, како и дел од процесот за имплементација на видео-технологијата во Првата лига.
Сите одлуки на Управниот одбор на ФФМ може да се прочитаат ТУКА.