Комити одбија да го слават триумфот во Купот! (ФОТО+ВИДЕО)

Вардар ја совлада Струга (2-0) во финалето од Купот на Македонија и по 18 години повторно дојдоа до трофејот во ова натпреварување, кој, сепак, ќе мора да го слават пред речиси празни трибини.

Причина за тоа е што навивачката група „Комитите“, која френетично ги бодреше своите миленици и на оваа средба, на крајот во знак на протест го напуштија натпреварот. Тие започнаа да го напуштаат своето место на западната трибина некоја минута пред последниот звук на сирената, оставија порака до управата на клубот.