Ѓоковиќ фуриозно тргна по 100-та титула во кариерата!

Новак Ѓоковиќ со сигурна игра во меч кој траеше само еден час и 15 минути го совлада Унгарецот, Мартон Фучович со 2-0 во сетови (6-2, 6-3) на турнирот во Женева каде што ќе се обиде да дојде до својата 100-та титула во кариерата

Во првиот сет Ѓоковиќ освои два брејка и му дозволи само два гема на својот противник, еден во четвртиот и еден во осмиот гем што се покажа како доволно за водство од 1-0 во сетови.

Сигурен на свој сервис беше Новак и во вториот сет каде што Унгарецот повторно не успеа да го одземе сервисот на српскиот ас. Ѓоковиќ од друга страна направи еден брејк и тоа во шестиот гем за водство од 2-4 и таа предност ја задржа до крајот за конечен триумф.

За Ѓоковиќ ова беше прва победа по три порзи во низа откако беше поразен во финалето на мастерсот во Мајами, а потоа уште на стартот во Монте Карло и Мадрид.

Следен предизвик за Ѓоковиќ во четвртфиналето ќе биде биде 39. тенисер во светот Матео Арнлади.

Фото: EPA PHOTO