Ѓорѓиоски: Вториот гол нè сруши, Вардар ги искористи своите шанси

Екипата на Струга по изгубената титула во првенството, вечерва беше поразена и од Вардар во Купот на Македонија, па така тимот остана без трофеј, но и без излезе во Европа.

По натпреварот, стратегот на стружани, Илчо Ѓорѓиски му честиташе на Вардар за кој вели дека заслужено стигнал до триумфот.

„Секако дека можеше поинаку. Вардар ги искористи своите шанси и заслужено победи. Им честитам и им посакувам успех во Европа. Ние не ги искористивме нашите прилики. Првиот гол го примивме од полушансa, вториот веднаш на почетокот на второто полуврем  и тој погодок нè урна психолошки. Се обидовме преку посед да се вратиме, но не успеавме да постигнеме гол“, изјави Ѓорѓиоски.

Ќе потсетиме, Струга ја освојуваше титулата во Македонија во последните две сезони.