Taлевски: Многу сум среќен, ова е најава за голем Вардар!

Mихаил Талевски вечерва беше херој на Вардар и со постигнати два гола го донесе трофејот во Купот на Македонија на кој Вардар чекаше 18 години.

По натпреварот Талевски секако беше пресреќен, но и порача дека овој натпревар може да биде најава за успех на Вардар и во иднина.

„Многу сум среќен за ова мое прв куп-финале и мој прв трофеј во професионалната кариера. Пресреќен сум секако и што постигнав два значајни погодоци за освојување на титулата. Вистинска чест ми е што сум дел од една ваква екипа. Ова е само најава за еден голем проект кој следи, ова е само најава за еден голем Вардар кој во иднина ќе носи уште многу радости“,  изјави Талевски по финалето.

Со триумфот Вардар си обезбеди и место во европските квалификации на лето.