Вардарци еуфорично го прославија трофејот - со нив беше и чичко Дончо (ФОТО)

Фудбалерите на Вардар дочекаа по 18 години да ја прослават титулата во Купот на Македонија откако во финалето ја совладаа Струга со 2-0. По победата заедно со Вардар славеше и прввиот селектор на Македонија, легендарниот, Чичко Дончо.

Победата за Вардар е од огромно значење со оглед на тоа што екипата избори и место во европските квалификации, а тренерот Гоце Седлоски по триумфот најави и дека тимот со неколку засилувања наредната сезона може да биде и уште подобар.