
Готово: Јокиќ ја изгуби битката за МВП!
Главни конкуренти на кошаркарот на Оклахома беа Никола Јокиќ и Јанис Адетокумбо кои останаа зад него.
Гилџес-Александер ќе стане и само вториот Канаѓанец кој ја добил оваа престижна награда, по легендарниот Стив Неш, кој беше МВП во двете сезони 2004/05 и 2005/06 како кошаркар на Феникс Санс.
Канаѓанецот е лидер на тимот што ја заврши регуларната сезона како најдобар во лигата и просечно бележеше 32,7 поени, 5 скока и 6,4 асистенции по натпревар, со извонредна ефикасност од 51,9% шут од поле, нешто што е навистина реткост за кошаркар кој игра на бековската позиција.
Покрај тоа што е најдобар стрелец во лигата, Шеј е и сериозен кандидат за една од најдобрите дефанзивни петорки. Со ова признание, Шеј Гилџес-Александер ја запечати својата позиција меѓу најдобрите во лигата, а Оклахома има вистински лидер и во наредните години.
ФОТО: EPA PHOTO