
Тотнем со еден удар во гол го победи Манчестер јунајтед и ја спаси сезоната! (ВИДЕО)
Имаше иницијатива Манчестер јунајтед вечерва во Билбао и повеќе напаѓаше, но изостана реализацијата, па избраниците на Аморим останаа без трофеј.
Моментот на одлука се случи во завршницата од првото полувреме кога Бренан Џонсон најдобро се снајде по едно нафрлување и успеа да го матира Андре Онана.
Како Тотнем дојде до победата најдобро покажува и дека тоа беше единствениот удар во рамките од голот кој го упатија фудбалерите на лондонскиот клуб.
Со овој триумф Тотнем и покрај тоа што заврши на 17-тата позиција во Премиер лигата успеа да ја спаси сезоната и се избори за место во Лигата на шампионите наредната сезона.
Фото: EPA PHOTO