
Тренерот на Кожув казнет со две години, двајца од ОФС Охрид избркани - доживотно!
ФФМ соопшти дека се донесени забрани за извршување на функција на две лица, и тоа на тренерот на Кожув, Славчо Георгиевски кој доби забрана за вршење на функција во времетраење од две години, а иста санкција имаше и за техничкиот директор на клубот, Пепи Георгиев.
Поведени се и постапки против Кожув поради прикривање и нерегуларности за мечот против Башкими, а од истата причина преетходно е поведена постапка и против кумановскиот тим. Постапки се водат и против фудбалерите на Кожув, со иницијали К.С, Ј.П, Б.К. и Д.Б. поради прикривање на информации поврзани со натпреварот.
Суспензија од една година беше изречена и за фудбалерот на Кожув, Кирил стојков поради обид за физички напад на судија на дуелот меѓу Кожув и Новаци од 30. коло во Втората лига.
ФФМ соопшти дека од фудбалската организација доживотно се исклучени и Цане Милошески, претседател на ОФС Охрид и Никола Цветкоски, секретар на ОФС Охрид.
„Одлуката е донесена по темелна постапка и претходни сознанија од одделот за интегритет, а во врска со нарушување на интегритетот во целост од страна на овластените службени лица од ОФС Охрид. Извршена измама и доведување во заблуда,давање лажни, неточни и непотполни податоци во Комет системот (увидот во Комет системот на ФФМ покажа дека дури и лице починато пред повеќе години е заведено како учесник во овие фиктивни записници од натпреварите), фалсификување записници за натпревари кои не се одиграни, измислена комплетна „Б“ општинска лига во рамки на ОФС Охрид, односно натпреварување кое не постои“, се вели во соопштението на ФФМ.
Останатите постапки и забрани кои се изречени може да се погледнат ТУКА.