Голот што го прими Кожуф од Башкими е - срам за фудбалот! (ВИДЕО)

Башкими успеа да триумфира на гостувањето кај Кожуф со 2-1, но реакцијата на екипата од Гевгелија во завршницата е срам за фудбалот.

Домашните фудбалери му дозволија на противникот лесно да постигне гол и така да освои три бодови со кои се приближи кон пласман во Првата лига.

Фудбалерите на Кожуф во судиското надополнување останаа буквално статични на теренот, додека Башкими по неколку обиди ја затресе мрежата на ривалот за конечни 2-1.

Башкими со оваа победа остана на третата позиција со 60 бодови, односно еден помалку од Арсими и три помалку од Македонија ЃП.