Суперинтересна контролка во Охрид: Ренова и Работнички ремизираа во меч со шест гола

Поранешните македонски шампиони Ренова и Работнички одиграа спектакуларно реми со шест гола (3-3) на овие зимски подготовки во Охрид.

„Гипсарите“ и дебармаалци одиграа интересен меч во кој Ренова прва поведе, па потоа Работнички направи пресврт, за на крај Ален Јашароски во 90-та минута да извади реми за тимот на Ќатип Османи.

Ремзифаик Селмани даде два гола за Ренова, првиот за водство, вториот за израмнување до полувремето, а Горан Силјановски и Стефан Јевтовски погодија за Работнички, за Марио Станковски да постигне трет гол, а Јашароски да го обезбеди ремито на овој тест меч на Работнички.

Ренова досега во овие зимски подготовки ја победи Дрита од Боговиње со 4-0 и српска Јагодина со 2-1, додека Работнички ремизираше 1-1 со Борец, а го победи тетекс со 2-0 во досегашниот дел од подготовките.

Двата тима зимава се подготвуваат во Охрид, за разлика од дел од прволигашите кои се во Анталија.