
Судиите во 29. коло во ПМФЛ биле - без грешка!
На натпреварите кои се одиграа беа забележани и неколку спорни ситуации, но според Судиската комисја на ФФМ во сите судиите донеле исправни одлуки.
Ситуации кои се анализирале имало на средбите Гостивар - Работнички, Вардар - Беса и Силекс Струга.
Ќе потсетиме, од ова коло екипата на Воска повеќе нема да се натпреварува во ПМФЛ откако беше казнета, па се откажа од учествовто. Денеска охридскиот тим требаше да го одигра натпреварот во Струмица против Брера.
Комплетната анализа можете да ја прочитате - ТУКА.