Стоилковска остана без пласман на главниот турнир во Грузија

Македонската тенисерка Магдалена Стоилковска загуби со 1-2 во сетови од Дарја Сувирџонкова во финалето на квалификациите за пласман на главниот турнир во Грузија.

Стоилковска водеше огромна борба против Дарја и го доби првиот сет со 6-4, но следните два ги загуби со 2-6 и 1-6 во дуелот кој траеше дури два ипол часа.

На турнирот ќе настапи и Лина Ѓорческа, која најпрво ќе се пресмета протви Зозија Кардева.

Фото: МТФТ