Лацио се спаси од срамен пораз против Парма среде Рим

Фудбалерите на Лацио освоија само бод против Парма во 34. коло од италијанската Серија А, па со тоа не искористија шанса да скокнат до позициите кои водат во европските купови.

Парма го отвори резултатот во третата минута преку Ондрејка, а истиот фудбалер стрелаше и вторпат на почетокот на второто полувреме.

„Небесно-сините“ почнаа да се будат дури во завршницата, па Педро со два гола во период од пет минути успеа да израмни на 2-2.

Лацио е на седмата позиција со 60 бодови, односно два помалку од четвртопласираниот Јувентус.

На останатите натпревари Калјари ја совлада Верона со 2-0, а Болоња ремизира против Удинезе.

Фото: S.S. Lazio